Полицијта во акција за уништување на садници на марихуaна

Албанската полиција почна нова обемна операција за елиминирање на криминални групи кои се занимаваат со производство и недозволена трговија на марихуана, јави дописникот на МИА.
Полицијата соопшти дека околу 4.150 полициски службеници, како и припадници на специјалните полициски сили за брза интервенција се вклучени во оваа обемна операција што почна вчера попладне и
ќе трае повеќе дена.
- Акцијата се спроведува како на копно така и од воздух, во што се вклучени и полициски хеликоптери, стои во денешното полициско соопштение.
Операцијата има за цел целосна контрола на сите оранжерии, складишта, магацини, напуштени згради, куќи, армиски објекти, како и тунели во поранешни касарни.
Контролите ќе се фокусираат и на секоја педа земја каде што во текот на изминатите 10 години било одгледувано ова наркотично растенија. Хеликоптерите ќе ги контролираат планинските и тешко достапните предели.
Албанската опозиција деновиве обвини дека според нејзините пресметки во текот на минатата година во Албанија биле засадени осум милиони садници или 3,2 милиони килограми марихуана.
Обвинувајќи ја власта дека е вмешана во тоа, лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша, порача дека не сакаат избори со „пари заработени“ од дрога.
Тој побара оставка на албанскиот премиер Еди Рама и формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни и фер избори на 18 јуни.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
