Полицаец наплатил 500 евра од насилници за „мирно решавање“ на тепачка во Струмица
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост.
Пријавениот К.Ш. на 11.04.2026 околу 09:00 часот, при вршење на службени дејствија, по претходно примена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад која му била задолжена за работа, ја искористил својата службена положба и овластувања така што посредувал помеѓу страните за наводно „мирно решавање’’ на настанот, при што неовластено побарал исплата на пари.
Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир со посредство на К.Ш. договориле пријавителот на оштетениот да му исплати сума од 1000 евра за да се откаже од пријавата, по што К.Ш. своеволно ја зголемил сумата за уште 200 евра на име наводни трошоци за постапката.
Од вкупниот износ од 1200 евра, К.Ш. на оштетениот му исплатил само 700 евра, додека остатокот од 500 евра го задржал за себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра. ОВККИПС против К.Ш. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
