„Ситуацијата во четвртокот утрото беше најлоша кога станува збор за студ. Североисточниот дел од земјата ја зафати најстудениот арктички воздух“, рече Орисон. Студот од сабота однесе најмалку 12 животи ширум средниот запад. Одредени лица починаа во сообраќајни несреќи поврзани со временските неприлики, додека некои замрзнаа на ниските температури“.
Исклучително е студено и во делови од југот, Кентаки, Тенеси и делови од Џорџија. Во средата ширум средниот запад се урнати рекорди кога станува збор за ниски температури, а најниската била во Минесота, дури 44 степени под нулата.
Официјалните лица соопштија дека во 85 отсто се забележани температури под нулата.
Меѓутоа ситуацијата треба да се смени до викендот. Во Чикаго, каде работниците ги палеа шините за да можат да се движат возовите, а температурата беше 30 степени под нулата, во сабота и недела треба да биде многу „потопло“ - и до 10 степени Целзиусови над нулата.
Поларниот бран предизвика стотици сообраќајни несреќи, додека во четвртокот утрото над 2.500 летови биле откажани, а најмалку 3.500 одложени, и тоа главно од аеродромите во Чикаго. Во тој град е нарушен и железничкиот сообраќај, наведува Гласот на Америка.
Компанијата Џенерал моторс ја запре работата во 11 фабрики во Мичиген, а на граѓаните им се апелира и да го штедат природниот гас. Последниот, сличен леден бран на средниот запад и североистокот бил пре повеќе од 20 години.

