Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз
– Огромната ледена покривка на Гренланд изгуби 4.700 милијарди тони мраз за 20 години, што предизвика зголемување на нивото на океаните за 1,2 сантиметри, покажуваат новите податоци од данско истражување на Арктикот, објавено оваа недела.
„Од почетокот на мерењата во април 2002 година, ледената покривка на Гренланд изгуби околу 4.700 гигатони мраз“, објави Полар Портал (Polar Portal), чадор организација на данските институти за Арктикот.
„Тоа топење на мразот придонесе за подигнување на нивото на морето за 1,2 сантиметри“, се додава.
„Податоците покажуваат дека најголем дел од загубата на мразот се случува на рабовите на ледената покривка, каде што мразот се повлекува, дека ледените фронтови се повлекуваат во фјордовите и на копно, и оти топењето е посилно на површината на мразот“, објасни организацијата.
Според овие податоци, особено е погоден западниот брег на Гренланд.
Глобалното затоплување е особено алармантно на Арктикот, каде што во последните децении е три до четири пати побрзо отколку во останатиот дел на светот, покажуваат најновите научни истражувања.
Според истражување што го објави НАСА кон крајот на јануари, забрзаното топење на мразот во близина на брегот се должи на затоплувањето на Арктичкиот океан, што придонесува „барем како и површинскиот воздух“ за намалување на ледената покривка.
Топењето на мразот на Гренланд моментално е главната причина за зголемувањето на нивото на океаните на Земјата.
Глечерите на Гренланд се повлекуваат шест до седум пати побрзо отколку пред 25 години, според НАСА.
Според климатолозите, на Гренланд има толку многу мраз што доколку се стопи нивото на океаните би можело да се зголеми за повеќе од седум метри.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
