Подготовки за Курбан Бајрам во Тетово

Просторот на поранешната претоварна станица за отпад кај Жито Полог на влезот во Тетово од годинава од страна на општина Тетово е определен како привремен сточен пазар во пресрет на муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам.
Во изминатите неколку години за тоа беше наменет просторот околу стариот градски стадион, но жителите на околните куќи постојано имаа проблеми со метежот, како и отпадот што го предизвикуваа животните и луѓето што го користеа место за продавање и купување на стоката.
Според продавачите на стока, сегашното место е подобро бидејќи има поголем простор.
- Народот сака да купи животни за курбан, но се гледа дека нема пари. Овците ги продавам од 110 до 120 евра по грло, и може да се каже добро оди. Стоката ќе ја продаваме до три дена по празникот Курбан Бајрам, вели Сервет Батија од Доброште.
И според заинтерсираните купувачи постојното место е подобро од поранешните, бидејќи е пошироко и се наоѓа подалеку од куќите на жителите на градот, а сепак е лесно пристапно.
- За секој Курбан Бајрам купуваме стока за парзникот. Во нашето семјејство овој празник се прославува така што изутрина одиме на молитва и клањање во џамија, а потоа се коле курбанот и целото семјство заедно јаде. Празникот се одбележува и со посети на роднините, рече Алија Рушити од Порој.
Шериф Рамадани од Слатино посочи дека тој за овој празник по верските обреди во џамијата ги посетува гробовите на блиските, а потоа го коле курбанот.
- Нашата традиција предвидува месото од курбанот да се раздаде и на роднини, но и на оние семејства што имаат помалку пари за и тие да го одбележат овој празник вели Рамадани.
На привремениот сточен пазар за Курбан Бајрам годинава во Тетово овците се продаваат нешто над 100 евра по грло, а покрупниот добиток, крави, бикови и слично се продава од 550 до 1.000 евра во зависност од староста и квалитетот на грлото.
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
-

Петрушевски: Фотографијата на Филипче со газдата на фабриката во која се запленија 30 тони дрога, упатува на директна вмешаност
-

Трчајќи преку автопат во Хрватска две лица загинале
-

Сибиха: Нереално е завршување на војната во Украина без Трамп
-

Приведен дваесет и петгодишник од Малтино, осомничен за убиство на жена во село Челопек
-

Норвешка и Италија најуспешни на половина од ЗОИ 2026
-

Мицкоски на средба со извршниот директор на Американскиот еврејски комитет
-

Нов американски напад врз брод во Карипско Море, при што загинаа три лица
