Поддршка за младите автори во дигиталната издавачка индустрија

Во соработка и со финансиска поддршка на „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО, Фондацијата Македоника го почнува проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“.
Во проектот имаат можност да учествуваат сите автори од Репубика Македонија, регионот и дијаспората, на возраст од 18 до 30 години. Во период од 12 месеци, се очекува многу млади и непознати автори првпат да ги објават своите дела.
Од сите пристигнати текстови, издавачката комисија на проектот ќе избере 40 дела од автори од сите етнички заедници што ќе бидат наградени со авторски хонорар и ќе бидат објавени во бесплатната дигитална библиотека на Македоника. Делата ќе бидат објавени двојазично, на мајчиниот јазик на авторите и на македонски јазик.
Во рамки на дигиталната библиотека ќе биде организиран и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови, а најдоброто дело на проектот ќе добие специјална награда.
Сите заинтересирани автори можат да добијат повеќе информации во просториите на Фондација Македоника или на телефон 02.615.2000.
Бесплатната дигитална библиотека на Фондација Македоника (www.makedonika.mk) е единствена во Македонија, каде на повеќе од 40.000 редовни читатели им се достапни 720 дела од најголемиот број македонски автори и лектири за учениците од основно и средно образование.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец, одземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско-косовската граница
-

41-годишник со камења ги мавал даночните контролори на локалитетот “Куклица”
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
