Поддршка од ЕБОР за компанијата „Брако“

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе и додели два милиони евра кредит на македонската компанија „Брако“ за инвестиции во нова енергетски ефикасна и современа опрема запроизводство на жичани производи и за преработка на метал.
Претставничката на ЕБОР во Македонија, Анка Јоана Јонеску изрази надеж дека финансирањето на овој проект ќе и помогне на компанијата да го зајакне портфолиото на производи и извозот на странските пазари.
- Ни претставува задоволство да го поддржиме „Брако“, еден од водечките производители на жичени и метални производи на Западен Балкан. Континуираната имплементација на нови современи технологии достапни на пазарот, на енергетски ефикасен начин, претставува важен составен дел за конкурентен и успешен бизнис, изјави Јонеску.
Претседателот на Бордот на директори на „Брако“, Кочо Анѓушев посочи дека благодарение на ЕБОР ќе ги реализираат поставените цели на компанијата.
- Посветени сме на постојано проширување на нашите производствени капацитети преку набавка на нова и поефикасна опрема. Сакаме да го подобриме квалитетот на нашите производи, да ги намалиме оперативните трошоци и да го зголемиме производниот капацитет со цел да го задоволиме растот на побарувачката, истакна Анѓушев.
ЕБОР започна да инвестира во македонската економија во 1993 година и до денес има финансирано во 99 проекти со нето кумулативен обем од над 1,6 милијарди евра.
Компанијата „Брако“ се наоѓа во Велес и се занимава со производство на жичани производи, обработка на метални производи н инженерство. Во изминатата деценија инвестираше во развој на нова производствена програма, воведувајќи производи со висока додадена вредност, како што се медицински помагала и мебел, метални додатоци, програма на транспортни ленти, телекомуникациска опрема и опрема за хидроцентрали.
Ново на Сител
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
