-->
-->
Почнаа квалификациите за Евробаскетот 2017
-->

– Со денешните 13 натпревари ќе стартуваат квалификациите за Евробаскет 2017. Шампионатот следната година ќе се одржи во четири држави, кои се ко-домаќини (Романија, Финска, Турција и Израел).
Во квалификациите ќе играат 27 репрезентации поделени во седум групи (шест со по четири и една со три селекции). Пласман на Евробаскетот ќе обезбедат 11 репрезентации (седумте првопласирани и најдобрите четири второпласирани). Покрај ко-домаќините пласман на Евробаскетот имаат обезбедено и селекциите кои играат на Олимписките игри во Рио и на квлификациите за Олимписките игри.
Во првото коло двојките се:
А група: Белгија – Кипар, Исланд – Швајцарија.
Б група: Германија – Данска, Холандија – Австрија.
Ц група: Русија – Босна и Херцеговина, Шведска е слободна.
Д група: Естонија – Белорусија, Полска – Белорусија.
Е група: Украина – Белгија, Словенија – Косово.
Ф група: Црна Гора – Словачка, Грузија – Албанија.
Г група: Македонија – Луксембург и Унгарија – Велика Британија.
Натпреварот Македонија – Луксембург се игра во Кавадарци и почнува во 20:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
