Почна сезоната на палење стрништа и сува трева во Штипско-карбинскиот Регион
![]()
Почна сезоната на пожари на отворено во Штипско-карбинскиот Регион. Командирот на Територијалната противпожарна единица-Штип, Тони Атанасов, информира дека само во текот на вчерашниот ден пожарникарите имале шест интервенции на пожари во ниви и сува трева.
По завршување на жетвените активности земјоделците неконтролирано ги палат стрништата. Атанасов забележува дека штети во овие пожари немаат, оние граѓани, коишто ги повикуваат на 193, кога пожарникарите ќе пристигнат на самото место ги нема, со цел да ги избегнат казните.
-Во текот на минатата недела на територија на Општините Штип и Карбинци имавме вкупно 15 пожари на ниви, сува трева и автомобил. Пожари на отворено имавме во Лакавичкиот регион, а најмногу се забележани во атарите на селата во Општиан Карбинци, вели Атанасов.
Во текот на вчерашниот ден и светниколскиите пожарникари имале интервенции.Во олицискатастаница Свети Николе било пријавено дека околу 16.40 часа во кругот на оранжерите „Градинар“ на патот Свети Николе-Овче Поле настанал пожар.Пожарот бил локализиран во 17.55 часот одТериторијалната противпожарна единица -Свети Николе и според првичните проценки нема материјална штета.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Не се исклучува можноста количината на запленета марихуана да достигне 100 тони
-

Приведен 29-годишник од демиркаписко, се заканувал кон сопругата и го нападнал својот татко со тврд предмет
-

Кавадарчанец пријавил пукање кон неговиот дом, оштетен бил ѕидот
-

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
