Почна реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“
![]()
Екипи на Град Скопје ја почнаа реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот „Партизански одреди“. Градежните работи ќе се изведуваат на потегот од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од два километра.
– На овој дел од булеварот „Партизански одреди“ целосно ќе се замени асфалтниот слој на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта ќе биде изведена комплетно нова коловозна конструкција. Нашата цел е да се намали периодот во кој може да настане застој во сообраќајот. Очекуваме реконструкцијата на овој потег да заврши за околу 30 дена и за неа Град Скопје ќе потроши околу 69 милиони денари, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на почетокот на градежните работи на оваа делница.
Тој потсети дека во текот на претстојното лето за реконструкција се предвидени повеќе улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.
– Заради тоа, уште еднаш ги замолувам граѓаните за разбирање и апелирам на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје. Реконструираните улици се побезбедни за сите учесници во сообраќајот, а Град Скопје во исто време работи на изнаоѓање и на алтернативни сообраќајни коридори за да се избегне метежот во иднина, нагласи Шилегов.
Град Скопје ги потсетува граѓаните дека од денеска поради реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“ е воведен привремен режим на сообраќај. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведува во неколку фази. Во првата фаза ќе биде затворена крајната десна сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата „Лондонска“, во насока на движење кон центарот на градот, но нема да има промена во движењето на автобусите на ЈСП Скопје.
Градските власти апелираат до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Ново на Сител
-

Нова војна меѓу Израел и Хезболах: Во израелски напади врз Бејрут загинаа 31 лице, луѓето масовно бегаат од градот
-

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
-

Британската база на Кипар погодена од ирански дрон
-

Доделување на новинарските награди од конкурсот на тема за загадувањето на воздухот
-

Во Кувајт се урна американски Ф-15, пилотот се катапултираше
-

Без струја дел од корисниците на село Орман
-

Облачно со услови за утринска магла
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
