Почна монтирањето на дрвениот мост во Струга

Почна монтирањето на дрвениот мост на реката Црн Дрим во центарот на Струга, донација од приватна компанија. Официјално почетокот попладнево го означија градоначалникот на општина Струга Зијадин Села и инвеститорот Менди Ќура.
Мостот ќе биде како постоечкиот, кој од безбедносни причини беше срушен пред пет години. Надворешните страни ќе бидат метални и ќе бидат исти со страните на Мостот на поезијата и на Чаршискиот, по нивната реконструкција.
- Ветувањето што го дадов во 2013 година денеска е реалност. Доколку временските услови дозволат, мостот ќе биде монтиран за кратко време, истакна Села, заблагодарувајќи се на инвеститорот за донацијата за изградба на дрвениот мост.
Инвеститорот изрази задоволство што мостот ќе им служи на сите граѓани, без разлика на етничка и верска припадност. За негова изградба потрошени се околу 150.000 евра. Дрвените делови од мостот повеќе од шест месеци се изработуваа во Австрија.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
