Починал пред 90 години, но неговото тело се уште не се распаднало!

Една од најголемите светски мистерии и понатаму е актуелна. Всушност, будистичкиот монах Даши - Доржо Итигилов починал во 1927 година, но неговото тело се уште не е распаднато и изгледа како тој да починал пред 36 часа. Пред 15 години, во септември 2002 бил отворен дрвениот ковчег со неговите посмртни останки и востановено е дека телото е недопрено и дека се наоѓа во иста позиција во која тој починал - медитација, а наводно пред својата смрт рекол на учениците да го откопаат за 30 години.
Лама инсистирал неговото тело да биде ексхумирано, што и било направено три пати - 1955, 1972 и последен пат 2002 година, и секој пат било утврдено дека нема знаци на распаѓање. Итигилов уште додека бил жив, имал статус на легенда, бил водач на будистите во источен Сибир во дваесеттите години на минатиот век, а се прославил како филозоф и лекар.
Телото моментално се наоѓа во храм на територија на Бурјатија, република која граничи со Монголија, а во април 2003 година била прогласено за едно од светите будистички објекти во Русија, за две години потоа на луѓето да им е овозможена посета. Експертите велат дека е јасно дека Итигалов не е жив, бидејќи не може да стане ниту пак оди, но наведуваат дека преминувањето на "оној" свет во состојба на медитација, направило да не премине во смрт, туку во нешто друго. Телото во иста положба е веќе 86 години, крвта и понатаму постои но не е течна туку желатинеста.
- Телото на Итигилов не е балсамирано ниту пак мумифицирано, има мека кожа која попушта под притисок а зглобоите се еластични. Реагира на окружувањето а понекогаш ги отвара очите и устата, тврди Александар Хачатуров од Хемиско - технолошкиот факултет во Москва.
Резултатите од истражувањето довеле до претпоставка дека и самиот Лама себе вештачки се довел во состојба на анабиоза, привидна смрт во неповолни услови за живот, по што следи оживување. Инфрацрвената спектроскопија покажала дека белковините во неговите келии имаат карактеристики на живи организми а анализата на примероците на ткивото дека тие воопшто не се разликуваат од ткивата на жив човек. Освен тоа температурата и тежината на стаклената витрина во која се чува неговото тело често се менува.
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
