Почина новинарката Лилјана Алтипармакова

Почина Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија - соопшти нејзиното семејство.
Имаше 75 години. Целиот свој работен век, Лилјана Алтипармакова го посвети на својата матична куќа – Македонската радио-телевизија. Како новинар во МТВ 1, таа посветено покриваше теми од внатрешната политика и економијата, започнувајќи од седумдесеттите години кога се вработи, па сè до турбулентниот период на македонската независност во 1990-тите и годините на транзиција што следеа.
Со своето знаење, професионалност и посветеност, таа остави силна трага во новинарството, пренесувајќи го своето искуство на бројни генерации новинари кои го учеа занаетот токму од неа.
Погребот ќе се одржи утре (22 април) во 11.30 часот на гробиштата „Бутел“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
