Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани

Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 91 година, соопшти денеска модната куќа во објава на социјалните мрежи.
Тој работеше до своите последни денови и почина опкружен со најблиските, се вели во соопштението, пренесе ДПА.
Армани беше еден од највлијателните модни дизајнери во светот.
Роден на 11 јули 1934 година во Пјаченца, северна Италија, неговото семејство се преселило во Милано по Втората светска војна. По завршувањето на средното училиште, почнал студии по медицина, но ги напуштил по две години.
Познат како „Principe della Moda“ (Принц на модата), Армани бил второ дете на домаќинка и шпедитер.
Неговата мајка придавала големо значење на облеката, дури и за време на војната. Но, неговиот дедо, кој заработувал како шминкер и правел перики во општинскиот театар, веројатно имал поголемо влијание врз неговиот моден вкус во младоста.
Минатата година, Армани размислуваше за заминување во пензија и за италијанскиот весник Corriere della Sera изјави дека планира да ја води својата компанија уште неколку години.
Неговите креации, често опишувани како лежерни и едноставни, а сепак елегантни, беа носени на многу црвени килими, вклучително од холивудски ѕвезди како Ричард Гир, Кевин Костнер, Никол Кидман и Кејт Бланшет.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
