Почина еден од најдобрите фудбалери на бивша Југославија

Драган Холцер, легендата на сплитски Хајдук, по тешко боледување, почина во Сплит на 70 годишна возраст.
Холцер е роден во концентрационен логор крај Берлин во 1945 година. Пораснал во Ниш а кариерата ја почнал на 18 години во „Раднички“.
По 96 одиграни натпревари за нишкиот клуб, во 1967 премина во Хајдук, каде стана еден од најдобрите одбранбени играчи во Европа. За Хајдук одигра 419 натпревари.
Во дресот на Хајдук освои три првенства на Југославија (1970/71, 1973/74, 1974/75) и три трофеи на државниот куп (1972, 1973, 1974). Од 1975 шест сезони помина во германски Штудгарт. Кариерата ја заврши 1982 во Шалке.
Долго време беше капитен на југословенската репрезентација за која одигра 52 натпревари. Беше член на тимот кој во 1968 играше во финалето на европското првенство во Италија.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
