По неполн месец Гевгелија се врати на ковид картата
По три недели, откако немаше регистрирано новоинфицирани граѓани со Ковид-19, Гевгелија од вчера повторно се врати на ковид картата со еден заболен пациент кој беше регистриран во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Случајот, како и зголемувањето на бројот на новоинфицирани во земјава, дојде како потврда на констатацијата на епидемиологот од гевгелиската ПЕ за јавно здравје, Сашко Олумчев дека владините мерки за олабавување од нашите сограѓани биле погрешно сфатени.
– Владата ги ублажи мерките не за ние да одиме масовно по свадби и крштевки и на одмор во земјава и странство, туку да ни помогнат да почнеме економски да функционираме и колку толку да се вратиме во нормала но со должно почитување на превентивните мерки за хигиена,носење маски и држење растојание, вели Олумчев.
Според него, доколку се земе во предвид фактот дека Делта сојот е 60 до 70 отсто позаразен од Алфа сојот и дека за да ја добиете инфекцијата потребен е само блиц контакт,тогаш работата е повеќе од сериозна.
Ново на Сител
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
-

Зеленски: Путин веќе ја започна Третата светска војна
-

Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-

Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода и Бутел
-

Сончево време со умерена облачност
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
