По 7.600 денари на сметките на сите невработени кои ги исполнуваат овие услови

На 20.09.2017 година во сила стапи Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата со кој околу 3.000 лица ќе добиваат по 7.600 денари месечно, пренесе Букефал.
Според постојното законско решение, невработено лице може да се стекне со правото на паричен надоместок доколку ги исполнува следните услови:
Било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци;
Му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок;
На денот на влегување во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж);
Работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година;
Остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја или вина.
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да поднесат лично барање до надлежните центри за вработување каде што се евидентирани, а рокот за поднесување истекува на 19.09.2018 година.
Ново на Сител
-

Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари
-

Пронајдени тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион | ФОТО
-

Мета затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Андоновски: Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност
-

Чибишев: Ако водата во Скопје имаше ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти
-

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август
-

МВР трага по оние кои ширеле паника дека скопската вода е загадена со ешерихија коли
-

Исчезната малолетна девојка од Охрид, семејството бара помош
