Плодотворна дискусија на „Нормандиската група“ за Украина

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денеска по разговорите со неговите колеги од Франција, Украина и Русија, изјави дека за време на нивниот 12-ти состанок не е направен пресврт, но дека имале „тешка и плодотворна дискусија“.
Според Штајнмајер, како што јави дописникот на МИА од Берлин, договорено е оддалечување на воените единици од линијата на разграничување во источна Украина, со цел создавање на демилитиризирани зони.
Сите четворица учесници во разговорите се согласиле дека треба да се повлече оружјето од линијата на разграничување и да се забранат воени вежби кои придонесуваат за создавање тензии.
Украинскиот и рускиот министер се согласиле да започнат контакти меѓу завојуваните страни и размена на информации со цел да се спречи нова воена ескалација.
„Нормандиската група“, како што се нарекува овој формат на средби за надминување на конфликтот во Украина, договорил целосна транспарентност на овие чекори, што ќе бидат набљудувани од ОБСЕ, која треба да даде сугестии за да се подобри безбедноста во регионот на конфликтот.
Според Штајнмајер, за да успеат овие мерки потребен е прекин на огнот кој ќе биде голем чекор напред по што може да се очекува напредок и во другите спорни сфери.
Тој им се заблагодари на своите коелги од Русија и Украина за конструктивноста во разговорите и од нив побара да помогнат да се спроведат договорените мерки во делот на безбедност.
Германскиот министер смета дека за решавање на воената кризата во Украина потребен е напредок во политичкиот процес, каде засега се уште нема поместување.
На денешната средба е заклучено дека се уште нема можности за споведување на локални избори во конфликтните региони, што според Штајнмајер, не е изненадување со оглед на уставните, политичките и техничките прашања кои се уште не се решени.
Штајнмајер е задоволен што Москва и Киев денеска во Берлин манифестирале желба да соработуваат поблиску на полето на безбедноста, затоа што според него, во источна Украина „безбедноста не е се, но без безбедност, се е ништо“.
Ново на Сител
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
-

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници
-

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
-

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи
-

Бројот случаи на ебопа во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
