Пјонгјанг: Новата ракетна проба беше предупредување кон САД

Северна Кореја соопшти денеска дека нејзиното последно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета, извршено во петокот навечер е остро предупредување до САД поради нивната желба да наметнат нови санкции на Пјонгјанг, се наведува во соопштение на севернокорејска новинска агенција КЦТА. Северна Кореја уверува дека ќе одговори во случај на воена провокација од страна на Вашингтон.
- Тестот на интерконтиненталната балистичка ракета овој пат беше со цел да се испрати остра порака на САД, кои зачестија со несовесни изјави, кои френетично ја шират заканата со санкции и кои водат кампања која има за цел да изврши притисок врз Корејската народнодемократсла република, се вели во веста на КЦТА, пренесува БТА.
Според експерти, пробата од петокот беше очигледно беше помоќна од онаа на 4 јули. Тие сметаат дека севернокорејските ракети сега можат теоретски да достигнат до источниот брег на САД, вклучувајќи го и Њујорк.
Ракетната проба на 4 јули предизвика бран од меѓународна загриженост во врска со воените способности на оваа земја. Оттогаш САД вршат притисок за наметнување на санкции од страна на ОН и на американскиот Конгрес против Пјонгјанг.
Минатата недела нови казнени мерки против Северна Кореја беа изгласани во Сенатот на Конгресот.
Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи, пак, се апелира до САД да стави крај на „глупавата фантазија" дека може да наштети на Северна Кореја.
„Ако јенките се осмелат повторно да ја донесат нуклеарната закана над оваа земја, тогаш Северна Кореја ќе ги научи на манири, и ќе им покажеме како стратешки се користи нуклеарна сила", се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
