Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот

Руски воен авион прелета над германска воена фрегата во Балтичкото Море, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
– Навлегувањата на руски дронови и воени авиони длабоко во полскиот и естонскиот воздушен простор, како и прелетот над германска фрегата во Балтичкото Море во рок од неколку дена, јасно покажуваат дека Русија буквално ги тестира границите, вклучително и на земјите-членки на НАТО, со сè поголема фреквенција и интензитет, рече Писториус.
Прелетите над бродови се сметаат за непотребна провокација.
Според извори на ДПА, станува збор за фрегатата „Хамбург“, која моментално учествува во тековните вежби на НАТО под името „Нептун страјк“. Двата прелета се случиле непосредно пред и за време на изминатиот викенд.
Третата серија од вежбите „Нептун страјк“ се одржува од 22 до 26 септември и има цел да ја демонстрира способноста на Алијансата да интегрира напредни поморски ударни капацитети, да го зајакне одвраќањето и да обезбеди слобода на навигација низ критичните водни патишта.
Изјавите на Писториус дојдоа во момент кога тој побара од пратениците во Бундестагот да го одобрат буџетот на Министерството за одбрана за 2026 година.
Министерот рече дека рускиот претседател Владимир Путин „сака да ги провоцира земјите-членки на НАТО и да идентификува, открие и искористи наводни слабости во Алијансата“.
Но, според Писториус, Путин прави грешка.
– Алијансата реагираше на руските провокации со јасно единство и решителност, но истовремено и со неопходната присебност што денес е особено важна, нагласи тој.
Според предлогот на германската Влада, буџетот за 2026 година предвидува 82,69 милијарди евра редовни трошоци, плус дополнителни 25,51 милијарди евра од специјалниот воен фонд воспоставен по руската инвазија врз Украина.
За споредба, во 2025 година редовното трошење изнесува 62,43 милијарди евра, а уште 24,06 милијарди евра се одвојуваат од фондот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
