„Пиратите“ може да станат една од водечките политички сили на Исланд

Во Исланд утре ќе се одржат предвремени парламентарни избори, на кои според анкетите на јавното мислење најголеми подем се очекува да постигне Пиратската партија, која има шанси да стане втора политичка сила во земјата.
Предвремените избори се одржуваат откако исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон поднесе оставка поради скадалот што го предизвика објавувањето на „Панамските документи“, кои покажаа негова поврзаност со оф-шор компанија која откупила обврзници од неколку банки на Исланд кои банкротираа на текот на глобалната финасиска криза.
Анкетите покажуваат дека најмногу гласови на утрешните избори ќе освои конзервативната Партија на независноста, која ужива поддршка на 22,5 проценти од гласачите, а веднаш зад неа се наоѓа Пиратската партија со 21 отсто.
На третото место, според анкетите, е социјалистичкото Лево зелено движење со околу 15 проценти, пред еколошката партија Обнова со 13 проценти и либералната Прогресивна партија на поранешниот премиер Гунлаугсон, која може да се надева на околу 10 проценти од гласовите. Места во Парламентот се очекува да освојат уште и Социјалдемократската алијанса и социјал-либералната партија Светла Иднина, кои ужуваат подршка на околу осум, односно пет отсто од гласачите.
„Пиратите“, кои на последните избори во април 2013 година освоија само еден пратеник, својата популарност ја стекнаа врз основа на незадоволството на граѓаните од досегашната политичка елита во Исланд, кој беше една од најтешко погодените земји за време на глобалната финансиска криза во 2008 година.
Пиратската партија, која се залага за укинување на меѓународните правила за авторски права и за целосна слобода на интернетот, меѓу другото предлага Исланд да му даде азил на поранепниот соработник на америкаските тајни служби Едвард Сноуден и да ја прифати вируелната валута биткоин, како и да преземе мерки за целосно искоренување на корупцијата.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
