Петмина кандидати во трката за нов лидер на албанските демократи

На Конгресот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, што е закажан за 22 јули, делегатите ќе избираат нов лидер меѓу петмина кандидати.
Како што јави дописникот на МИА, синоќа пред истекот на рокот, својата кандидатура официјално ја достави и актуелниот лидер Љуљзим Баша, кој три дена по поразот на парламентарни избори одржани на 25 јуни, ја замрзна лидерската функцијата „до одржување на Конгресот“.
Прв својата кандидатура ја поднесе Едуард Сељами, кој беше претседател на партијата во времето кога Сали Бериша беше шеф на државата, по што замина во САД каде живееше подолг период .
Во трката за лидерското место ќе бидат и Астрит Синанај, член на општниската организација на Демократската партија за Фиер, Ерион Пицири, како и Астрит Патози, поранешен потпретседател на партијата.
Демократите на изборите освоија 43 пратенички мандати или седум помалку во однос на претходните избори во 2013 година.
Ново на Сител
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
-

Клучни членки на ЕУ се против предлогот за прием на нови држави без право на глас?
-

Секој пациент ќе има електронско досие - нема веќе хартии во папка
