Пет години од настаните во кумановско Диво Насеље, одржана панихида за загинатите полицајци

Во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово, денеска се одржа панихида за осумтте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ што се случија на 9 и 10 мај во 2015-та година. Панихидата ја организираше група бранители од Куманово, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
-Група бранители секоја година организира панихида по повод загинувањето на нашите браќа бранители во 2015 во настаните во Диво Насеље. На овој начин се обидуваме да не паднат во заборав, народот да ги запомни нивните жртви, да знаат зошто загинаа, да им кажуваат на нивните деца и внуци дека за Македонија секогаш има спремни јунаци кои ќе го дадат најмилото-животот, изјави Предраг Петрушевски-Бинго од група бранители.
Во престрелките животот го загубија Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ кои посмртно беа одликувани со „Медал за храброст“, а 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.
Кумановци на 9-ти мај пред пет години ги разбудија звуци од оружје, надлетувања хеликоптери, дел од градот во близина на „Тоде Мендол“ или попознато како Диво Насеље беше затворен. Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Денес за овој настан сведочат вдлабнатини од куршуми на една од куќите на почеток од уличката „Јоско Илиевски“ која сведочи за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година.
Граѓаните велат дека настаните не треба да се заборават и никогаш да не се повторат.
И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски сподели видео на социјалните мрежи од Диво Насеље, истакнувајќи дека градот ќе продолжи да се развива, но и дека заслужува одговор што вистински се случи на 9 и 10 мај 2015.
Тој во објавата им го честиташе на граѓаните, Денот на подедбата над фашизмот, на обединета Европа, но и истакна дека денеска градот се сеќава на пет години од настаните од „Диво Насеље“.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
