Песков: Исламска држава може да биде победена само со копнена операција

Независно што прават Лондон, Вашингтон или Москва, победата над терористичката организација „Исламска држава“ во Сирија е невозможна вез успешна копнена операција на сириската армија, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков во интервју за Би-би-си.
Според него, целта е на Русија да ги зацврсти позициите на легитимната сириска армија, затоа што само Сирија може да го оствари копнена операција против терористите.
- Едвај по победата над тероризмот може да се мисли за вистинско политичко решение во Сирија, додаде Песков по програмата „Хард ток“.
- Само Сиријците, а не Париз, Лондон или Вашингтон, можат да одредат кој ќе биде следниот претседател на Сирија, додаде Песков.
Тоа е и целта на рускиот претседател Владимир Путин, да помогне на Сиријците за постигнување политичко решение, увери тој.
Песков ги отфрли обвиненијата дека руските напади причиниле жртви меѓу мирното население. Покажаните записи може да се снимени и во Јемен или на други места, а на Интернет се распространува многу неточна информација, рече тој.
- За време на сегашната информативна војна, ве молам бидете многу повнимателни, пред да судите на основа на тие неверодостојни извори, повика тој.
Ново на Сител
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
