Свет
17. May 2016 - 9:06

Пентагон: ИД загуби речиси половина од својата територија во Ирак

Исламска држава и натаму ја губи контролата врз териториите ширум Ирак и Сирија, изјави синоќа портпаролот на Пентагон, Питер Кук наведувајќи дека таа екстремистичка организација загубила речиси половина од територијата во Ирак.

Кук истакна дека ИД во Ирак загубила околу 45 проценти од територијата, а во Сирија меѓу 16 и 20 отсто.

Џихадистите од ИД зазедоа поголеми делови од Ирак и Сирија на почетокот на 2014 година, наидувајќи на слаб отпор на безбедносните сили. 

ИД ја загуби контролата врз Рамади и Хит во Ирак, но се уште ги држи важните градови како што се Мосул и Фалуџа. 

Во Сирија под контрола и натаму ја држи Рака, која ја смета за главен град на нејзиниот т.н. Исламски Калифат.