Пендаровски на средба со министрите за европски прашања на Ирска и Финска
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со ирскиот државен министер за европски прашања, Томас Бирн и финската министерка за европски прашања Тути Тупураинен, кои се во заедничка посета на Северна Македонија, информира прес-службата на претседателот.
Како што се наведува во соопштението, за време на средбата биле потврдени пријателските односи со двете земји, заемната посветеност за унапредување на политичкиот дијалог, како и за поинтензивна и сеопфатна билатерална соработка.
-Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ја цени континуираната поддршка од Ирска и Финска за нашиот евроинтеграциски процес, како и помошта во исполнување на европската агенда и реформските задачи во повеќе витални области. На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во земјава, во контекст на францускиот предлог за започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ, велат од прес-службата на претседателот Пендаровски.
Oд стрaна на министрите било истакнато дека идејата за Европска политичка заедница не претставува замена за полноправно членство во ЕУ, туку додадена вредност за време на процесот кој води кон зачленување во Унијата.
-Соговорниците разменија мислења и за состојбите во регионот на Западен Балкан, како и за економските и безбедносните импликации врз регионот предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Притоа, беше констататирана потребата од зајакнување на меѓународната безбедност и мултилатерален пристап во решавање на глобалните предизвици и во таа насока, беше поздравена одлуката Финска и Шведска да бидат официјално поканети да се придружат на НАТО, донесена за време на последниот Самит на Алијансата во Мадрид, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател
-

Реконструкција на охридскиот аеродром по првпат од изградбата, најави Николоски
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
-

Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши
-

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава
-

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП
-

Сончево и студено утро, снежна покривка од 88 сантиметри на Попова Шапка
-

Холандски КЛМ ги прекинува летовите за Тел Авив поради пораст на тензиите со Иран
