Партијата на Курти изврши „проба за протести“ во центарот на Приштина

Активисти на Движењето самоопределување (ВВ) на вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти излегоа попладнево на плоштадот „Скендербег“ во центарот на косовскиот главен град, на, како што е објавено, „проба за протести“ во случај другите косовски парламентарни партии да формираат нова влада.
Неколку стотини граѓани одговорија на повикот на групата на Фејсбук именувана „Со премиерот“, која брои над 300 илјади следбеници, и излегоа во центарот на градот, носејќи заштитни маски и одржувајќи социјална дистанца.
Групата објави фотографии и видео од главниот плоштад во Приштина, порачувајќи дека се вршат „проби за протести“ во случај да се формира влада од страна на другите парламентарни партии, предводени од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и неговиот кандидат за премиер, Авдулах Хоти.
Партијата на Курти, чија влада беше урната од Собранието на Косово на 25 март, тврди дека нова влада може да се формира единствено по вонредни парламентарни избори, кои би се одржале откако ќе помине кризата со пандемијата на Ковид-19.
Претседателот на државата, Хашим Тачи, покрена иницијатива за формирање нова влада од страна на актуелниот парламентарен состав, а откако ВВ не одговори на неколкуте негови повици да именува кандидат за нов премиер, на 30 април мандатот го додели на ЛДК, како второрангирана партија на изборите одржани во октомври минатата година.
Партијата на Курти истиот ден го оспори пред Уставниот суд на Косово правото на Тачи да именува нов мандатар, по што судот на 1 мај донесе одлука за мораториум до 29 мај на сите дејствија за формирање нова влада.
ЛДК и нејзиниот кандидат за премиер, Хоти, претходно објавија дека заедно со опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК) на претходниот премиер Рамуш Харадинај и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, како и со партијата на косовските Срби, Српска листа и оние на другите немнозински етнички заедници, ги обезебедиле потребните гласови во актуелното Собрание за изгласување нова влада.
Ново на Сител
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
