Парламентот ја одобри новота туниска влада

Новата туниска влада на премиерот Јусеф Шахед доцна синоќа ја доби довербата во парламентот.
Пред тоа, тој предупреди дека усвојувањето на програмата за штедење ќе биде неизбежно ако Тунис не ги надмине економските потешкотии.
Новиот кабинет, кој е на национално единство, беше поддржан од 167 од 217-те пратеници.
Шахед вети дека новата влада ќе преземе тешки одлуки за да го промовира растот на економијата и да создаде работни места под притисок на меѓународните кредитори за реформи и намалување на јавната потрошувачка.
Новата влада на Шахед е широка коалиција од световни, исламистички и левичарски партии, независни и синдакалисти, преку кои тој смета дека можат да бидат извршени економските реформи.
- Ако ситуацијата остане иста и во 2017 година, ќе треба политика на штедење, како и да отпуштање илјадници вработени од јавниот сектор и воведување нови даноци, изјави новиот премиер пред пратениците пред гласањето на неговата влада.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
