-->
-->
Папата Францис: Црквата мора да се отвори кон промени
-->

Црквата не смее да биде музеј на спомени туку мора храбро да се отвори кон промени ако Бог така сака, изјави папата Францис на првата работна седница на бискупскиот синод посветен на семејството.
Околу 300 бискупи до 25 октомври зад затворени врати во Ватикан ќе разговараат за изнаоѓање на заеднички став со незадоволните верници, разведените лица и хомосексуалците и истовремено ќе го одбранат традициоанлното семејство. На синодот нема да се менува црквената доктрина туку ќе се обидат да пронајдат начин како да се помири доктрината со модерниот начин на живот.
Инсистирањето Католичката црква да се отвори и реформира предизвикува немир меѓу конзервативците кои не сакаат да го менуваат тоа што го сметаат за фундаментални догми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
