-->
-->
Паника во Скопје: Три лица исчезнаа во ист ден
-->

Три лица вчера се јавиле во полиција за да пријават исчезнување. Во 17 часот во Полициската станица во Аеродром, 49-годишниот З.Д. од Скопје пријавил дека на 20 месецов во 15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка, 22-годишната И.Д.
Во вториот случај во 04 часот и 30 минути во Полициската станица на Бит Пазар, 30-годишниот З.Ќ. од Скопје, пријавил дека вчера во 10 часот од непознати причини од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко, 62-годишниот З.Ќ.
Исто така, околу 22 часот во Полициската станица во Чаир, социјален работник вработен во ЈУЗДВ „Дом 25-ти Мај“, пријавила дека од непознати причини од Домот се оддалечило 17 годишно женско лице.
Полицијата трага по лицата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
