-->
-->
Палмер: Македонија 30. земја членка на НАТО до 2020
-->
Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година доколку го спроведе Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција.Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“.
-Тоа е потполно реална цел, рече тој.
Но, Палмер, изрази загриженост за руското, како што кажа, „силно влијание“ во регионот на Западен Балкан вклучувајќи ги и напорите за поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО.
-Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи во однос на начинот на незјината интеграција во европските и евроатлантските институции. Напорите да се поткопа изразената волја на граѓаните на Македонија се дестабилизирачки и му штетат на мирот и безбедноста во регионот, додаде Палмер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
