Пакетчиња, дресови и едукативен материјал за децата од Детската клиника во Скопје

Новогодишни пакетчиња, дресови и едукативен материјал за безбедно учество на најмладите во сообраќајот денеска на дечињата во Детската клиника во Скопје поделија Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата РСБСП во соработка со фудбалскиот клуб Вардар и хотелот „Русија“.
Директорката на Универзитетската клиника за детски болести Аспазија Софијанова рече дека денешната акција претставува посебно изненадување, наспроти секојдневието како што се болестите, третманот и нивното лекување, нагласувајќи дека радоста споделена денеска со болните дечиња е дел од терапијата за која се залага менаџментот на клиниката.
Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски рече дека меѓу другото на денешната акција е поделен и специјално дизајниран едукативен материјал што треба да ги води децата низ сообраќајот и да ги едуцира за нивните права, обврски и одговорности.
- Целта на денешната акција е да се подигне безбедноста на децата во сообраќајот и нула деца жртви во сообраќајот, што е дел од стратешките цели на националната стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во следните пет години, истакна Стаменковски.
Тој апелираше 2016 година да биде година во која што ќе внимаваме на децата во сообраќајот и ќе се грижиме за нивната безбедност.
Според директорката на хотелот „Русија“ Виолета Ангелковска и директорот на ФК Вардар Самоил Симев заедничката акција со РСБСП има за цел на кратко да ги стопли срцата и да ги израдува дечињата на Детската клиника за време на празниците.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
