Отповикана утрешната расправа за „Пулс“ заради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите

Основниот кривичен суд скопје информира дека утрешната расправата за случајот „Пулс“ се одлага заради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани.
- Во текот на денешниот ден, претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување кои го известија дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на оваа главна расправа, но уверуваат дека неговата здравствена состојба ќе се подобро и истиот ќе може да продолжи да ја следи главната расправа - стои во соопштението од Кривичен.
Оттаму дополнуваат дека поради економичност на постапката сите учесници во постапката се известени за утрешното отповикување.
-Воедно странките се известени дека сите, веќе дадени последователни термини, остануваат во сила, дополнуваат оттаму.
Следниот насрочен термин е 25 февруари, а судењето се наоѓа во доказна постапка, со изведување на докази од страна на Обвинителството.
На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.
MИА
Ново на Сител
-

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
-

Најстудено во Берово и Маврови Анови, на Попова Шапка 74 сантиметри снег
-

ДЗР: Неправилности во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година, недостигаат 30 лаптопи, исплаќана плата без присуство на работа, финансирани здруженија и фондации
-

Гроси: МААЕ нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба
-

Американската војска соопшти дека погодила речиси 2.000 цели во Иран
-

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо
-

Собранието ќе избира заменици министри за одбрана и за образование
-

Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито
