Откриени 12 килограми марихуана на граничниот премин Блато

На граничниот премин Блато во возило марка „мерцедес“ на албански државјанин откриени се 12 килограми марихуана.
Дрогата е пронајдена вчера кога 33.-годишниот З.Л. околу 13:40 часот се пријавил за влез во Република Македонија. Марихуаната била спакувана во 23 пакувања залепени со најлонска и алуминиумска фолија и облепени со селопејп лента, сместени во левиот и десниот праг од возилото.
Албанскиот државјанин откако видел дека царинскиот службеник го демонтира прагот на возилото, избегал кон територијата на Албанија, но е приведен по еден час потрага која е реализирана во соработка со албанските погранични власти.
По документирањето на целиот случај и прибирањето на сите материјални докази, Царината соопшти дека ќе биде поднесена кривична пријава против З.Л. за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
