Османи на средби во Брисел
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, при што ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) и инаугуративната Пленарна сесија 2023-2025 на Европскиот економски и социјален комитет, на дискусија за зајакнувањето на демократијата, европските вредности заедно со граѓанското општество во земјите кандидати за членство во ЕУ.
Како што соопшти МНР, Османи ќе учествува на дискусијата на тркалезна маса со известувачите во сенка и пријателите на Северна Македонија, Кристијан Сагарц, Илхан Ќучук, Марион Валсман, Тијс Ројтен, Масимо Касталдо, Влад Ботос, Андреа Шајдер и Ирена Јовева.
За време на престојот во Брисел, Османи ќе оствари средби со лидерите на најголемите пратенички групи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез од групата на Социјалистите и демократите (СД) и Манфред Вебер од Европската народна партија (EПП).
Ново на Сител
-

Градот Скопје обезбеди 3 милиони евра за катни гаражи на Клинички
-

Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-

Инспектор на ДЗС: „Пулс“ не ги исполнувал условите за противпожарна заштита
-

Комеморативна седница за годишнина од пожарот во Кочани
-

Ако маркетите не си останат на зборот и почнат со поскапувања, државата веднаш да интервенира, велат од ОПМ
-

ВМРО - ДПМНЕ обвинува за синдикалните протести
-

Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
-

Преглед на вестите од светот
