Османи: Да не отвораме затворени прашања – Кодовите на земјава се МК и МКД

Таму каде што во употребата се стандардот на ИСО класификациите, секаде за земјава се користат кратенките МК или МКД, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за наводна употреба на кратенката НМК за земјава во Советот на Европа.
– Пример ќе ви го кажам случајот во НАТО. Во НАТО секаде е МКД. Но, при сликањето при распоредување, правилото е да се користи правата буква на државата и таму стои НМК на местото каде што се сликаат министрите. Затоа што такво е правилото. Треба да се смени распоредот на седење. Меѓутоа во документите каде што во употреба е ИСО класификацијата, секогаш е МКД. Така е и во Советот на Европа, така е и во секоја организација, истакна Османи.
Според него, не смееме да отвораме прашања, кои што се затворени, бидејќи кодовите на Република Северна Македонија се МК и МКД.
– Неформалните места на распоредување на столчиња, дали ќе биде по првата буква и дали ќе седите до Норвешка или до Монтенегро (Црна Гора), е прашање кое е неформално и не е уредено со никакви регулативи, додаде Османи.
Во однос на тврдењето дека на табла на влезот во Советот на Европа била наведена кратенката НМК, Османи истакна дека ќе биде проверена ваквата информација.
– Официјалната кратенка е МКД и само таква може да биде и никаква друга, потенцира Османи.
Ново на Сител
-

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани стандардите, регулативата и процедурите
-

Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран
-

Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов фатен со заѕидани 350.000 евра
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
