Осквернавен гробот на генералот на Шарл Де Гол

Гробот на генералот Шарл Де Гол, во Коломбе ле де Еглиз, во Горна Марна, е осквенавен, на самиот ден на Националниот ден на отпорот, што се славеше во текот на вчерашниот ден.
Де Гол почина во 1970 година и гробот се наоѓа во селото каде тој имал куќа, јавува дописникот на МИА од Париз.
Елисејската палата, реагираше уште синоќа тврдејќи дека "сите активности што се потребни за одговор на деградација на гробот на генералот Де Гол ќе бидат спроведени навремено."
"Меморијата и ликот на генерал Де Гол им се драги на сите Французи,", се подвлекува во соопштението на претседателството на француската република, во кое се наведува дека Емануел Макрон се заложил за "брза поправка на гробот."
"Чинот на сквенавење на гробот на генералот Де Гол, е чин против Франција," порача преку Твитер премиерот Едуар Филип, изразувајќи "тага" и "големо разочарување".
"Срам на оние, кои со скверанење на гробот на генералот Де Гол на денот на отпорот, ја навредија Франција и нејзините вредности," исто така на Твотер се јави и поранешниот претседател Никола Саркози .
-Гробницата, што е под постојан видео надзор, била оскернавена во 17:14 од страна на лице кое се качило на неа и упатоло два силни удари врз основата на крстот, предизвикувајќи негово паѓање. Но, основата на гробот остана непроменета, изјави јавниот обвинител на Шомон, Фредерик Наон.
Скршен е само крстот на гробот направен од бел мермер и висок од околу 1.50 метри, а не огромниот крст на Лорен, симболот на Отпорот, што се наоѓа во спомен обележјето на Шарл де Гол, кој годишно го посетуваат околу 100.000 лица.
Местото каде е закопан генералот Де Гол се наоѓа на границите на Шампањ, Лорен и Бургундија. Селото има помалку од 700 жители, во него се уште работат седум земјоделски семејства, главно живее од туризмот со голем дел од посетителите, вклучувајќи политичари, кои доаѓаат на годишнините помени на 18 јуни и на денот на смртта на генералот.
Ново на Сител
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
