Општина Ѓорче Петров апелира граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите

Општина Ѓорче Петров информира дека поради високите температури се зголемува и опасноста од настанување шумски пожари на отворен простор и апелира за поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од пожари. Граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите во рамки на своите можности, а претседателите на месните и урбани заедници да ја подобрат организациската поставеност на својата територија.
Ова е истакнато на вонредниот состанок за превенција од пожарите што се одржал денеска во општина Ѓорче Петров. Предвидени се и средби со месното население на кои ќе се разговара за актуелната состојба.
Состанокот, како што соопшти општина Ѓорче Петров, го раководел градоначалникот Сокол Митровски, а присуствувале претседателите на месните и урбани заедници, преставник од РЦУК–Карпош и командирот на полициската станица „Ѓорче Петров“.
Советникот за безбедност Станоја Богев истакнал дека меѓу граѓаните потребна е поголема мобилизираност и соработка во случај на избивање нови пожари на територијата на општината, како и да се зголеми контролата на шумската полиција на терен.
На состанокот бил поделен материјал со насоки за однесување и превенција за време на летните месеци кога пожарите се најактуелни.
Пожарите во руралниот дел од општина Ѓорче Петров, во селата Чашка, Грачани, Орман, Никиштани и депонијата кај реката Лепенец нанесоа големи штети. Последниот пожар што избувна во село Орман веќе е локализиран, но нов се појави на потегот околу караулата Чашка. Во негово гаснење учествуваат припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, месното население и вработени во комуналните служби во општината.
Општина Ѓорче Петров информира дека ситуацијата и понатаму е сериозна на терен и затоа треба да се внимава каде се оставаат отпадоци, посебно празни стаклени шишиња и да не се фрлаат отпушоци.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
