-->
-->
Опасни по здравје: Три работи кои морате веднаш да ги исфрлите од домот!
-->

Колку пати сте се нашле во ситуација да планирате да фрлите една таблета или парче козметика, но сепак се откажувате и го чувате(за секој случај).
Иако повеќето работи штетат на изгледот на вашиот дом, од некои работи морате веднаш да се ослободите и тоа без размислување бидејќи се многу опасни за вашето здравје.
Според најновите истражувања, работите кои ги користите за миење на вашето тело може да бидат највалканите нешта во вашиот дом. Тоа секако се однесува за крпите, сунѓерот или четките за туширање. Бактериите најбрзо се размножуваат на влажните места. Сунѓерите и четките за туширање користете ги највеќе од 3 до 6 месеци, а доколку сакате максимална заштита тогаш после употребата добро исплакнете ги и оставете ги да се исушат.

Кога се зборува за козметика, правилото е едноставно - Ако е стара, сува и не планирате да ја користите, фрлете ја без размислување. Така да доколку на некое парче од козметиката му е изминат рокот, никако не го нанесувајте на вашето тело бидејќи може да предизвика тешки алергиски реакции. Истото важи и за кремата за сончање.

Иако нивната примарна функција е да го заштитиме здравјето, старите лекови во нашиот дом може да станат многу опасни. Просечниот рок на траење на лековите е околу една година. Се повеќе од тоа го намалува нивниот ефект или пак истите може да станат штетни по здравјето.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
