ОМД изработи студија со предлози за гласње на дијаспората
![]()
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изработи студија наречена „Решавање на институционалните препреки за Македонците кои живеат надвор од Р. Македонија“, која соддржи предлози за решавање на проблематиките околу прашањето за глас во дијаспората.
Авторот на студијата, Гавин Копел, го анализира уредувањето на ова прашање во други држави низ светот, информира ОМД.
- Заклучокот на оваа студија е дека укинувањето или ограничувањето на правото на глас на граѓаните на Република Македонија кои живеат надвор од земјата има потенцијал да ја загрози врската помеѓу дијаспората и Македонија. Наместо тоа, Владата треба да воведе поштенско или електронско гласање, да отвори повеќе конзулати и да формира Министерство за Дијаспора, велат од ОМД.
Овие реформи, додаваат, се веќе имплементирани и испробани во низа други држави, и се имаат покажано како силни политички инструменти за зајакнување на демократијата и економијата на една нација.
Ново на Сител
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
-

Прегазен 80-годишен пешак во Дебар
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
