Оланд: Договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците е коректен и треба да се исполни

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека договорот меѓу Европската унија и Турција за регулирање на приливот на бегалците е неопходен и коректен и треба да се спроведува.
Како што јави ТАСС, оланд нагласи дека тој лично заедно со германската канцеларка Ангела Меркел ќе го надгледува исполнувањето на условите од договорот.
- Тоа е фер договор кој ќе и овозможи на Турција да ги задржи на својата територија бегалците, наместо да доаѓаат тука. Ќе им овозможи да им бидат понудени пристојни услови за живот. Покрај тоа ќе им овозможи на оние кои имаат право на азил да бидат пренесени во Европа, објасни Оланд.
Францускиот претседател истакна дека за ЕУ Турција е „соседна земја“, каде има 2,5 милиони бегалци, од кои многумина со голем ризик се обиделе да стигнат во Грција.
Според него, приливот на мигранти најмногу ги погодил Германија, Австрија и Швајцарија, но сепак не било чесно ако не беше постигната европски договор со Турција.
Оланд истакна дека договорот меѓу ЕУ и Турција содржи јасни услови и дека финансиската помош која е ветена на Анкара може да биде исшлатена само ако условите бидат исполнети.
Ова се однесува и за либерализацијата на визниот режим за турските граѓани, додаде Оланд.
Францускиот претседател истакна дека договорот меѓу ЕУ и Турција треба да биде исполнет независно од несогласувањата меѓу Анкара и ЕУ за голем број политички прашања.
- Јас не се согласувам со одлуките на господинот Ердоган, но има потпишано договор со Турција и овој договор треба да се спроведува строго. Сите договорени услови треба да бидат исполнети, нагласи Оланд.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
