ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истрага против виш референт за шалтерски услуги во прилепскиот Центар за вработување, осомничен дека во период од три месеци побарал и примил поткуп од 18.000 денари од корисник на социјална помош, ветувајќи му дека нема да му биде укинат надоместокот и дека неговата сопруга ќе биде евидентирана како активен барател на работа. Осомничениот бил приведен при примопредавање на последниот износ, а обвинителството предложи да му биде определен притвор.
Осомничениот, се товари дека сторил кривично дело – Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик.
- Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп, побарал и примил поткуп во вкупен износ од 18.000 денари од лице од селото Бело Поле, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши и за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши - стои во соопштението од Обвинителство.
Оттаму дополнуваат дека откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС порака од Агенцијата за да се јават на обука за работа, осомничениот му рекол на оштетениот дека доколку ја одбие обуката ќе му ја укинат социјалната помош. За тоа да не се случи, побарал од оштетениот да му дава половина од социјалниот надоместок – паричен износ по 6.000 денари. Исто така осомничениот му ветил дека ќе ја евидентира неговата сопруга во електронскиот систем на Агенцијата како активен барател на работа, иако таа немала контролен картон и не го доставувала во Центарот на увид.
- Следниот ден, оштетениот во канцеларијата му однел 4.000 денари, а потоа уште 2.000 денари и продолжил месечно да го исплаќа. При предавањето на последниот износ од 6.000 денари на 24 јули, полициски службеници ги пронашле и одзеле банкнотите од осомничениот, а тој веднаш бил приведен - дополнуваат од ЈО.
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
