-->
-->
Ограбен автомобил на паркинг - крадците си заминале со многу пари
-->
Тешка кражба утринава на паркинг во Велес, крадците си заминале со многу пари. - Вчера во 04.00 часот на улица 1732 на паркинг простор, 50- годишниот Д.К од Велес, пријавил дека од возило „Фиат Пунто“, од страна на непознат сторител, му била извршена тешка кражба при што била одземена машка чанта во која имало 120.000 денари, лични документи, две картички, како и женска чанта, информираат од МВР.
Со извршената кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари, а причинета е материјална штета од 3.000 денари.
- Тешката кражба сторителот ја извршил со употреба на погоден алат, делувал на бравата од возачката врата, ја отворил и од багажникот ги одзел наведените предмети и заминал во непознат правец- се вели во соопштението од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Техеран демантира тврдења на Вашингтон: Немаме залихи на нафта во меѓународни води
-

Претседателот на Уставиот суд Костадиновски на средба со неговиот српски колега Петров
-

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане
-

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната
-

Порота пресуди дека Маск ги довел во заблуда акционерите на Твитер
-

Санкциониран штипјанец кој возел со брзина од 105 км на час во населено место
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка минус седум степени, најтопло во Гевгелија седум степени
-

Пресуда во корист на „Њујорк тајмс“: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите
