Македонија
2. January 2018 - 13:27

Ограбен автомобил на паркинг - крадците си заминале со многу пари

Тешка кражба утринава на паркинг во Велес, крадците си заминале со многу пари. 
 
- Вчера во 04.00 часот на улица 1732 на паркинг простор, 50- годишниот Д.К од Велес, пријавил дека од возило „Фиат Пунто“, од страна на непознат сторител, му била извршена тешка кражба при што била одземена машка чанта во која имало 120.000 денари, лични документи, две картички, како и женска чанта, информираат од МВР. 
 
Со извршената кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари, а причинета е материјална штета од 3.000 денари.
 
- Тешката кражба сторителот ја извршил со употреба на погоден алат, делувал на бравата од возачката врата, ја отворил и од багажникот ги одзел наведените предмети и заминал во непознат правец- се вели во соопштението од МВР.
 
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.