Офанзива на индиската армија против милитантите во реонот на Кашмир

Индиската армија соопшти дека спровела офанзива против исламските милитанти, во реонот на раздвојување меѓу Индија и Пакистан, во поделената провинција Кашмир.
- Операцијата имаше за цел да спречи серија напади на милитантите, чии бази се на територијата на Пакистан, изјави за индиските медиуми висок воен функционер во Њу Делхи, пренесува Би-Би-Си.
Според неговото тврдење, на милитантите, како и на оние кои се обидуваат да им помагаат, им се нанесени големи загуби.
Од пакистанската страна се демантираат тврдењата за тоа дека од индиска страна имало напад, преку границата.
Пакистанските воени власти само потврдуваат дека двајца нивни војници загинале при размената на оган во зоната на „Контролната линија„ меѓу двете армии
Во Исламабад тврдат дека индискиот напад „со ништо не бил испровоциран“.
Тензиите меѓу двете соседни земји се зголемија по нападот на исламските милитанти од 18 септември, врз базата на индиската армија во Кашмир, во кој беа убиени 19 индиски војници.
Официјален Њу Делхи за овој инцидент го обвини Пакистан, за кого се тврди дека ги обучува и ги финансира милитантите на својата територија.
Пакистанските власти, меѓутоа, ја обвинија Индија дека продолжува со „насилството во Кашмир„ и со газењето на човековите права на муслиманите.
Повеќе од 80 лица загинаа во насилните протести на муслиманското население во индискиот дел од Кашмир, кои демонстрира против индиската управа.
Овие две големи азиски земји, повеќе децении водат остар спор околу суверенитетот на подхималајската провинција Кашмир. На два пати, Индија и Пакистан водеа војна за оваа провинција, во која муслиманите се мнозинското население.
Со меѓународна интервенција, провинцијата е поделана на пакистански дел и на индиски, но во делот со кој упавува Индија, повремено избувнуваат немири со барања целиот Кашмир да му припадне на Пакистан.
Индиската страна тврди дека сите вакви случувања се потикнувани од властите во Исламабад.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
