Одлуки од денешната седница на Уставниот суд

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Во инцијативата, како што информираат од Судот, се наведува дека со измената на Законот за работни односи, се повредува уставното начело на еднаквост и начелото за владеењето на правото и правната сигурност, при што во конкретниот случај, одредени стопански и нестопански дејности како здравството, универзитетите, судството се ставени во поповолна ситуација, со што на посреден начин се заобикува Законот за работни односи, односно се отвора можност со друг закон поинаку да се регулираат односите поврзани со престанок на договорот за вработување. Подносителот наведува дека со сите горенаведени тврдења се прави нееднаков третман на работниците.
На денешната седница не беше поведена постапка за оценување на уставноста на членот 1 став 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници и се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 87 став 2 од Законот за административни службеници.

Подносителот на иницијативата наведува дека со оспорената одредба, службениците остваруваат различна основна плата за иста работа на исто работно место и затоа во иницијативата се наведува дека се прави директна повреда на членот 32 став 3 од Уставот кој меѓу другото предвидува дека секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место.
Судиите не поведоа постапка за оценување на уставноста на член 22 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи. Според подносителот на иницијативата, во периодот кога бил креиран оспорениот член 22 став 1 од Законот, во членот 117 став 4 од целината на Законот не постоеле зборовите: „кај истиот работодавач“. Се наведува дека со оспорената одредба се надополнува содржината на членот 117 став 4 која ниту суштински ниту содржински не ги содржи зборовите на кои се повикува. Сето ова според подносителот е спротивно на членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
Барањето за заштита на слободи и права поднесено од Живко Јаќимовски и Радица Јаќимовски застапувани од Бенита Белешкова адвокатка од Скопје, е одложено за некоја од наредните седници поради утврдување на дополнителни околности.
Ново на Сител
-

Вон контрола пожарот на грчкиот остров Крит во кој загинаа двајца пожарникари, а беа евакуирани села и 29 лица по морски пат
-

Дрон удри танкер за превоз на гас во египетско медитеранско пристаниште
-

Шумски пожари предизвикаа евакуации ширум Турција додека жештината и ветрот ги разгоруваат огнените стихии
-

Зеленски понуди помош од Украина за гаснење на пожарите во Франција
-

Македонските одбојкари против Грција на отворањето на Медитеранските игри
-

Израел: Хезболах изврши прв напад со дрон по прекинот на огнот од 19 јуни
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
