Одлуката за казна на Сити може да доведе до хаос во Премиер лигата
По секоја веројатност, Манчестер Сити ќе мора да почека додека не ја разбере конечната одлука на КАС во врска со казната на клубот. Во овој момент, јасно е дека на клубот му е забранет настап на европските клупски турнири во рок од 2 години, а според „Мирор“, конечната одлука ќе стане јасна за два месеци.
Англичаните поднесоа жалба во случајот до Спортскиот арбитражен суд, но нејзиното разгледување беше одложено поради ситуацијата со КОВИД-19. Рочиштето ќе започне во понеделник и ќе се одржува три дена, но конечната одлука најверојатно ќе биде одложена за два месеци.
И тоа ќе доведе до хаос околу пласманот во Премиер лигата. Доколку овој рок стане факт, нема да биде јасно до самиот крај на сезоната дали петтото место ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите, токму поради казната на „граѓаните“.
Во моментот, оваа позиција е окупирана од Манчестер Јунајтед, но во борбата за место во Топ 5 влегуваат и екипите на Вулверхемптон, Шефилд Јунајтед, Арсенал и Тотенхем.
И УЕФА и Манчестер Сити вршат притисок за конечната одлука да биде објавена во најбрзо време.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
