ОДИХР почнува со следење на локалните избори

Во пресрет на локалните избори 2025, денеска официјално започнува набљудувањето од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, откако Државната изборна комисија (ДИК) вчера едногласно ги усвои барањата за акредитација на 14 меѓународни набљудувачи.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на вчерашната седница информираше дека денеска ќе се одржи првата официјална средба со претставниците на Набљудувачката мисија, со што и формално ќе започне нивната работа.
- Ја известуваме јавноста дека од утре официјално ќе имаме средба со претставниците на набљудувачката мисија ОДИХР и од утре почнува нивната работа и официјалното набљудување на изборите. Тие ќе бидат во постојана комуникација со ДИК и ќе присуствуваат на сите наши отворени јавни седници, изјави Кондарко на вчерашната седница.
ДИК вчера ги усвои и првите две барања за акредитација: едното за шест набљудувачи, другото за осум набљудувачи.
Дополнително, членовите на Комисијата ги усвоија измените и дополнувањата на решението за регистарот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми, како и интернет портали кои ќе ги покриваат изборите.
На седницата беа разгледани и 34 барања за изземање на претседатели, заменици и членови на Општинските изборни комисии, а на нивно место беа назначени нови лица.
Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на Градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а вториот круг треба да се одржи на 2 ноември во единиците на локалната самоуправа во кои изборите нема да завршат во првиот круг.
МИА
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
