Одбележување на Светскиот ден на филозофијата

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 16-ти пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, секоја година се одбележува третиот четврток од месец ноември, и се слави низ целиот свет, со фокус на филозофијата и нејзините придобивки.
Годинашното чествување на Светскиот ден на филозофијата ќе биде отворено со пригоден мал концерт на трио гитари од Факултетот за музичка уметност (м-р Дарко Багески, професор на класата, и студентите: Ѓорѓи Трајков и Виктор Драганов). По концертот ќе следува традиционалната Беседа за филозофијата, годинава со проф. д-р Владимир Давчев, професор на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје, кој ќе говори на тема „Треба ли да стравуваме од вештачката интелигенција: филозофски дилеми“. Во продолжение ќе бидат презентирани резултатите од проектот на Институтот за филозофија: „Теориска и практична надградба на предметните програми од филозофскиот корпус предмети (Филозофија, Логика, Етика, Естетика) за средно образование“ од страна на неговите носители: вонреден професор д-р Јасмина Поповска, проф. д-р Дејан Донев и вонреден професор д-р Марија Тодоровска. Непосредно потоа ќе има промоција на 25. издание на националното филозофско списание „Филозофска трибина“ за кого пригодна промотивна рече ќе одржи проф. д-р Мирко Ѓошевски.
Централен настан на прославата ќе биде симпозиумот на тема „Човекот како мера: 2.500 од раѓањето на Питагора“ во кој во две блок сесии ќе земат учество 14 реномирани филозофи, професори и истражувачи од земјата и странство : акад. Витомир Митевски, проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. д-р Радомир Виденовиќ, докторанд м-р Слободан Марковиќ, проф. Љубомир Гајдов, м-р Душица Ѓокиќ, проф. д-р Ѓорѓе Младеновски, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, вонр. проф. д-р Марија Тодоровска, емеритус проф. д-р Самуел Садикарио, вонр. проф. д-р Ана Кечан, и д-р Симо Георгиев.
Ново на Сител
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
