Одбележан Павловден, празникот на Виница

Со поголем број манифестации Виница денеска го одбележа верскиот празник Павловден, празникот на градот. По тој повод Советот на општина Виница одржа свечена седница на која присустуваше и делегација од збратимениот град Трајавна од Република Бугарија. За постигнувањата на општината и проектите кои се во тек зборуваше градоначалникот Емил Дончев.
По повод празникот се одржа литија и кршење на славскиот колач пред црковниот храм „Свети Лука“ на која присиствуваа голем број верници од општината и гости. Со церемонијата чиноначалствуваше митрополитот Брегалнички, господин Иларион. Потоа беше поставен камен темелник на нова крстилница и помошни простории кои ќе се градат во склоп на црковниот храм „Свети Лука“ во Виница.
По повод празникот, Општинската организација на Црвен крст Виница организира традиционална акција за доброволно дарување крв.
Ново на Сител
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
-

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје
-

15-годишно мoмчe со нoж пробoдeлo врсник во училиште во Ченто
-

СЗО: Опремата за рехабилитација за Газа заглавена на граница
